Јак земјотрес ја погоди Јапонија

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 5 степени денеска ја погоди јапонската префектура Ибараки, на островот Хоншо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Земјотресот се случил во 20:40 часот по локално време, на длабочина од 60 километри, соопшти Агенцијата, пренесе Кјодо.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.
