Свет

Зеленски со нови проблеми: Војската си оди

Во изминатите неколку недели 115-та и 67-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина ги напуштија своите позиции без наредби, пишува магазинот „Форбс“.

„Лошата вест е дека она што се случи со 115-та механизирана бригада е од системска природа. Тоа е веќе втора украинска единица која ги напуштила своите позиции, на источниот фронт во последните неколку недели“, пишува магазинот.

„Форбс“ привлекува внимание на фактот дека оваа бригада „важеше за една од најдобрите во украинската армија“.

Во исто време, првата единица што избега од своите позиции беше 67-та механизирана бригада, која се бореше во атарот на селото Часов Јар, но претрпе пораз поради внатрешни конфликти во командата, се објаснува во написот.

На почеток