Свет

Америка испраќа скап пакет оружје во Киев, еве што може да има во него

Професор од Киев: Во Украина е драматично

Соединетите држави веќе денеска би можеле да го објават новиот пакет оружје за Украина во вредност од 6 милијарди долари, потврди американски претставник.

Пакетот може да вклучува противвоздушен радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала, рече претставникот кој сакаше да остане анонимен.

Потсетуваме дека американскиот претседател Џо Бајден претходно оваа недела најави дека нова воена помош ќе започне да тече за Украина, откако тој потпиша тежок нацрт-закон со кој се обезбедуваат милијарди долари нови трошоци за поддршка на борбата на Украина против Русија.

Пентагон потврди дека новиот ракетен систем со долг дострел познат како ATACMS веќе е доставен во Киев. Оружјето со висока прецизност е дел од итен воен пакет за Украина, објавен од САД во март, но не беше конкретно наведен на листите за испорака на барање на Украина.

Претседателот Џо Бајден му наложил на својот тим да ја изврши испораката откако Русија набави балистички ракети од Северна Кореја и ги употреби против Украина, соопшти Пентагон.

На почеток