Шест тепачки во Скопје за еден ден: не се бирале места каде ќе „летаат“ боксови
На 25.04.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.З.(24) од с.Глумово, скопско и С.Ј.(56) од Скопје, а бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.04.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје М.А.(21) од с.Марино-скопско пријавил дека во селото, по претходна расправија, тој и неговиот татко М.А. биле физички нападнати од Г.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.04.2024 во 07.04 часот во СВР Скопје, Г.М.(54) пријавила дека околу 06.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од Д.К.(74), од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 25.04.2024 во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во продажен објект во Скопје, Г.В. (49) од Скопје, вработена во објектот, била физички нападната од Г.А.(52) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.04.2024 во 23.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, пред угостителски објект, по претходни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(35) од Скопје и Г.И.(51) од с.Булачани, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.04.2024 во 18.30 часот во Полициското одделение Петровец Ф.М.(24) од општина Петровец пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна сестра С.М.(16), за која се сомневал дека се наоѓала во Драчево кај нејзиното момче Ќ.Н. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.