Некатегоризирани

„Го убија каубојот од Донбас“: Руските националисти на нозе по мистериозната смрт на Американец што го обожаваа

Расел Бенти, 64-годишен Американец од Остин, Тексас, кој е самопрогласен „Каубој од Донбас“ и се нарекува „Тексас“, ѝ се придружил на руската армија веднаш откако таа ја нападна источна Украина во 2014 година. Руската пропагандна машина го обожувала до тој степен што му дале руски пасош и емисија на државната телевизија Спутник ТВ.

Бенти го прифатил комунизмот, се оженил со Русинката Људмила и станал православен. Тој често ги критикуваше САД и тврдеше дека американскиот претседател Барак Обама раководел со „фашистичка влада“ која всушност била контролирана од олигарсите.

Меѓутоа, неговата сопруга за Волстрит журнал изјавила дека тој бил заробен од руски војници на 8 април во Доњецк, град во источна Украина кој е под руска окупација веќе 10 години. Единаесет дена потоа Бентли бил пронајден мртов, пренесува Јутарњи лист.

Американецот со тоа стана уште еден во низата учесници на т.н на Руската пролет – окупацијата на источна Украина која започна во 2014 година – кои се или во гроб или во затвор. Се уште не е познато како починал Бентли, а инцидентот ги налути руските националисти. Популарните блогери и коментатори бараат да се истражи смртта на Американецот и тврдат дека тој починал под сомнителни околности.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и рускиот воен естаблишмент се најдоа на удар на екстремните националисти поради нивното справување со инвазијата на Украина. По справувањето со либералната опозиција, Москва го насочи своето внимание кон оние поврзани со руската пролет. Шефот на платеничката армија Вагнер Евгениј Пригожин, чијшто неуспешен пуч покажа дека во Русија нема консензус за војната во Украина, беше убиен два месеци по неа, а нашироко се сомнева дека е убиен од руските тајни служби.

Во моментов не е познато дали Бентли е убиен по интервенција на Тајната служба или дали неговата смрт е резултат на општото беззаконие и антиамериканската параноја во деловите на Украина под контрола на Русија.

На почеток