Македонија

Тројца уапсени на две граници – полицијата со детали

На 26.04.2024 во 14.40 часот на Граничниот премин Белановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Л.(35) од Р.Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на СТОП листа по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 26.04.2024 во 14.00 часот во близина на место викано „Табла ливада“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово ги привеле Л.Е.(22) и А.С.(27), од Р.Албанија, затоа што при извршена контрола било констатирано дека илегално ја преминале албанско-македонската граница. Тие биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

На почеток