Македонија

Навршуваат 23. години од најкрвавиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Република Македонија

Денеска се навршуваат 23. години од најкрваиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Република Македонија. Масакрот кај Вејце се случи на 28. април 2001 година откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Членови на семејствата на згинатите заедно со претставници од општините Битола и Новаци и претставници од СВР-Битола денес положија свежо цвеќе пред споменикот во дворот на СВР-Битола и пред споменикот „Ангел“ во близина на градскиот часовник во Битола.

На почеток