ОО

Општина Охрид положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов

Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов во градскиот парк.

Цвеќе положија и здруженија на граѓани, претставници на институции и политички партии.

Во рамки на чествувањата по повод годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, деновиве и ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник со богата културно уметничка програма.

На почеток