Спасовски: СДСМ потфрли со правдата и тоа е една од причините за падот на партискиот рејтинг
„Точно е дека, тој период кога имаше и протести, и кога беше „Кампот на слободата“ пред Владата 60 дена, предизвикан од многу настани кои што ни се случија во тој период и мотото на тие протести на Шарената револуција беше тоа „Нема правда, нема мир“. Можам да кажам дека потфрлањето во овој дел, со правдата е една од причините и за намалување на рејтингот и довербата кон СДСМ. Меѓутоа не е состојба во која што апсолутно не се покренале никакви постапки и некој бил заштитен “ вели екс-министерот Оливер Спасовски во Поткасотот „Претрес со Ландов“.
Се направија многу чекори, не е дека ништо не е направено во делото на правосудството тврди Спасовски, но се направи помалку од тоа што беа очекувањата и требаше да се направи.
„СЈО беше донесено како одлука на сите политички партии и договорот во тоа време. Второто, што ќе се случува понатаму со СЈО тоа беше дебата..“ рече Спасовски.
Спасовски одговара дека нема никаква можност тој да биде спореден со Сашо Мијалков на прашањето – дали се плаши од затвор.
Гледајте го Претресот на екс-министерот Оливер Спасовски во ЖИВО: