Колку можат да стојат јајцата по Велигден?
Експертите предупредуваат дека варените јајца имаат многу пократок рок на траење од свежите – основното правило е дека по готвењето јајцата треба да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата.
Колку долго после Велигден имате јајца на трпезата и ви служат како главен украс? Тешко е да се процени колку јајца треба да зготвите за Велигден, но во повеќето случаи, остатоците од празникот остануваат многу подолго отколку што треба.
Имено, експертите предупредуваат дека варените јајца имаат значително пократок рок на траење од свежите. Основното правило е јајцата по варењето да се чуваат во фрижидер, а не во корпа на масата, како што често се практикува кај нас.
Ако јајцето се остави на собна температура повеќе од два часа, тоа станува плодна почва за раст и размножување на бактерии.
Како резултат на тоа, се јавува труење . За време на процесот на готвење, заштитниот слој што ја опкружува лушпата што вообичаено ги штити јајцата се отстранува од јајцето. Без него јајцето станува „ранливо“ и изложено на воздух, температура и бактерии.
Секоја година по Велигден , во американските болници се појавуваат најмалку двојно повеќе пациенти со симптоми на гастроентеритис, попознат како „труење со желудник“. Симптомите може да варираат – од благи непријатности, надуеност, промени во варењето до сериозно гадење, повраќање и дијареа.
Значи, ако ги чувате јајцата на собна температура – јадете ги исто или најдоцна следниот ден, додека во фрижидер, јајцата се безбедни за јадење до шест дена.