Сообраќајка на патот Дебар-Маврово: возач и малолетник однесени во болница
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/04/soobrakajka.png)
На 04.05.2024 во 11.45 часот во Полициска станица Дебар било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Мелнички мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О.(58) од с.Долно Косоврасти, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(20) од с.Жировница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген тигуан“, констатирани во Општата болница во Дебар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)