Катастрофа во Кина: 9 лица загинаа во судир на камион и комбе, две лица се повредени

Од
Објавено на

Девет лица загинаа, а две се повредени утринава во судир на камион и патничко комбе на автопат во северозападна Кина.
Повредените се во стабилна состојба, јавија кинеските медиуми.
Возачот на комбето е меѓу загинатите, додека возачот на камионот добил итна медицинска помош, изјави кинески претставник.
Снимките од локалните медиуми покажуваат дека предниот дел на комбето е целосно уништен.
Властите соопштија дека се истражуваат причините за несреќата, пренесе АП.
