Македонија

Данела Арсовска со само 1.571 глас во Скопје каде е градоначалничка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за пратенички мандат.

Според податоците на ДИК, од обработени 97,32% од избирачките места, како носител на изборната листа во ИЕ 1, во која спаѓа и Скопје, Арсовска освои само 1.571 глас.

Во ИЕ 2 каде што беа скопските општини Ѓорче Петров и Сараја, таа доби 1.109 гласови. Нова Алтернатива имаше листи и во ИЕ3 и ИЕ4.

За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.

На почеток