Кои од неговите најблиски соработници се сокрија синоќа за да не бидат фотографирани со Пендаровски?
Стево Пендаровски синоќа на прес конференцијата го призна поразот и упати честитка до победниците. Мандатот му завршува во недела, па на заминување од „Александар Палас“ посака да се слика со своите соработници.
На фотографијата на БИРН се неговата сопруга и синот, дел од Кабинетот и неколку лица, непознати за јавноста.
Забележливо е отсуството на видни членови на Кабинетот кои до вчера беа први до Пендаровски и на средби и на патувања. Па така доколку се отвори сајтот и имињата од неговиот Кабинет се гледа дека „се сокриле“ или избегнале да се фотографираат:
Гоце Карајанов
Амбасадор, Посебен советник за надворешна политика,
д-р Александар Љ. Спасов
Советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања,
Елена Пресилска
Посебна советничка за стратешки комуникации во надворешна политика,
Бисера Спасевска
Советник за економски прашања,
м-р Билјана Мицевска-Јосифовска
Шеф на протокол,
Билјана Блажеска
Аѓутант на претседателот на Република Северна Македонија,
Кристијан Георгиевски
Соработник за дигитални медиуми и продукција,
Фикрија Таир
Надворешна соработничка, советничка за прашања од областа на мултикултурализам, политики, стратегии и програми за инклузија на Ромите во Република Северна Македонија,
Искра Гешоска
Надворешна соработничка, советничка за прашања од областа на културата.
Во вториот круг видно беше отсуството од митинзите и синоќа на соопштување на резултатите и на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.
Дали кај нас, за жал, луѓето ти се битни само кога се на функција?