(Видео) Израелските сили со засилени напади на Појасот Газа


Денеска израелските сили ги интензивираа нападите во Појасот Газа, додека двете страни ги напуштија преговорите без договор со цел да се постигне примирје и да се спречи израелската офанзива на Рафах.
Како што јави АФП, израелските сили отвориле артилериски оган врз Рафах, на границата со Египет.
Очевидци велат дека имало и воздушни напади и борби во тој град на северот на Газа.
Во меѓувреме, Хамас испрати порака до другите палестински фракции да ги кажат своите ставови за статусот на индиректните разговори со Израел што се одржаа во средата во Каиро.
🚨🇮🇱 ISRAEL IS BOMBING CIVILIANS RIGHT NOW IN GAZA pic.twitter.com/2DS1h3b4RE
— The Saviour (@stairwayto3dom) May 9, 2024
