Македонија

Силјановска Давкова се заблагодари за честитките за победа од претседателот Макрон

Победата на првата македонска жена претседател, Гордана Силјановска Давкова и ја честитаа лидери од регионот и Европа.

Силјановска-Давкова благодарност за добиените честитки искажа на англиски јазик, но и на мајчиниот јазик на сите кои и ја честитаа победата.

Честитки на македонски јазик за победата на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, вчера, на социјалната мрежа Фејсбук, упати претседателот на Република Франција, Емануел Макрон. Во честитка се потенцира француската поддршка за Македонија кон целосна евроинтеграција при што е наведено следново:

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели.
Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател.
Франција остнува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина.“

Професорката Гордана Силјановска-Давкова упати благодарност за честитиката на македонски и на француски јазик. Во одговорот на професорката Гордана Сиљановска-Давкова стои:

„ Претседателе Макрон, Ви благодарам за честитките! Франција, како една од земјите основачи на ЕУ има најважна улога и одговорност за успех на европскиот проект. Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски. Воедно, како две пријателски земји во мојот мандат ќе работам на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена.

На почеток