Македонија

Вратени старите цени на авто-полисите

Вратени се старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата. Комисијата за автомобилска одговорност донесе препорака, а Владата донесе одлука да се вратат цените, откако на 25. април се покачија за 15,4%.

Осигурителните компании од вчера почнаа да ја применуваат одлуката која е објавена во Службен весник и ги вратија старите цени за осигурување.

Не се знае што  ќе се случува со уплатите на граѓаните кои ги регистрираа возилата со повисоко осигурување  во периодот од донесување на одлуката за зголемување на цената до вчера. Ниту владата, ниту осигурителните компании немаат одлука за тоа.
Граѓаните во периодот на повисоки цени на осигурувањето на возилата плаќаа повеќе од 840 до 1.600 денари.

На почеток