Македонија

(Видео) Боки 13 поднесе кривични: Зоран Заев е во скоро секоја пријава, Русковска доби за поткуп и тортура, не е поштеден ниту Спасовски и многумина од СДСМ

Поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, сите поранешни генерални секретари на СДСМ меѓу кои и Оливер Спасовски, експремиерот и претседател Зоран Заев, се само дел од лицата против кои Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави. Тој образложи дека ова се само дел од кривичните пријави, за кои рече дека има докази и непосредни сознанија.

„Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција Бумеранг. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави“, рече Јовановски.

Тој посочува дека предал докази за криминали кои се јавна тајна во Македонија.

„Мислам дека ќе произлезат предмети каде лицата од СДСМ ќе одговараат. Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава“, додаде Јовановски.

На почеток