Скопје

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда.

„Ова не е слика што треба да ја имаме за Владата, но тревата е во надлежност на Град Скопје. Ние не сме задоволни од тоа што дворот е неуреден, но Владата не може да одвои средства за тоа бидејќи тоа не е во наша надлежност. А за Град Скопје и за градоначалничката одговор дадоа и граѓаните, а тоа го покажаа резултатите од нејзината партија во што секако се гледа незадоволството и на граѓаните“, одговори Џафери.

На почеток