Македонија

ДИК: 17 приговори за резултатите од парламентарните избори, за претседателските нема приговори

До Државната изборна комисија до овој момент пристигнати се 17 приговори околу постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, а за претседателските избори досега нема приговори.

Роковите за доставување приговори до ДИК за остварување на избирачко право завршија во 19:00 часот, додека роковите за поднесување приговори за претседателски е до 22:30 часот и до 23:30 часот за парламентарните избори.

Приговори за постапка за гласање на претседателските избори нема. Приговори за постапката за сумирање на резултатите за парламентарните избори се поднесени од: Коалицијата ВЛЕН – 9 и од Коалицијата „Твоја Македонија“ – 8.

ДИК за утре закажа јавна седница за објавување на конечните резултатите за претседателските избори.

Доколку по завршувањето на рокот вечерва во 22:30 часот нема приговори, ДИК утре ќе го достави извештајот со конечните резултати, потоа како што најави, актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески ќе ја закаже седницата за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова во недела, 12 мај во 12 часот.

На почеток