Македонија

Адеми од ДУИ: Европскиот фронт го доби легитимитетот од граѓаните за формирање влада

Арбер Адеми од ДУИ, портпарол на изборниот штан вели дека ,,Европскиот фронт“ го добил легитимитетот од граѓаните за формирање влада. Сите политички партии кои се дел од „Европскиот фронт“ ќе продолжат да дејствуваат заедно.

ДУИ вечерва одржува состанок на Централното претседателство, а за утре најавија и состанок со партнерите од „Европскиот фронт“. Ќе го договараат позиционирањето по резултатите од парламентарните избори.

,,Утврдено е дека легитимитетот за формирање Влада му припаѓа на ,,Европскиот фронт”.Легитимитетот е добиен од гласачите и ниту со инженеринг ниту со политички договор не може да се оспори волјата на народот и на државните институции кои се одговорни за спроведување на изборите“, изјави Адеми, нагласувајќи дека неопходни се уставни измени и ДУИ останува на главниот став искажан пред изборите, дека нема формирање Влада без уставни измени.

„Европски фронт“ предводена од ДУИ на изборите освои 19 мандати во идниот парламентарен состав.

На почеток