Македонија

Борел и Вархеји очекуваат Силјановска Давкова и новата Влада да ги исполнат условите за членство во ЕУ

Во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ЕУ ја нагласува потребата од формирање стабилна Влада.

ЕУ очекува соработка на новиот претседател и владата за исполнување на обврските на земјата и спроведување на клучните реформи неопходни за пристапување во ЕУ.

„Ги повикуваме релевантните политички чинители да се заложат за формирање Парламент и поттикнување стабилна Влада. Овие два ентитета треба да соработуваат за да го поттикнат патувањето на Северна Македонија кон ЕУ, што опфаќа донесување суштински реформи, особено во почитувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата, за доброто на сите граѓани”, стои во заедничката изјава.

Борел и Вархеји потсетија и на обврската за уставни измени со кои Бугарите и други малцински заедници ќе се внесат во Преамбулата од Уставот. Уставните измени се услов за Македонија да ја одржи втората меѓувладина конференција со ЕУ, односно да ги отвори кластерите во процесот на пристапување.

На почеток