Федерализација е дел од есенско сценарио за дестабилизација?! Најчевска: Што ќе добијат етничките Албанци, помалиу криминал, подобро судство и здравство?
Откако пред година и половина од позиција на власт ДУИ експресно ја одби идејата за формирање заедница на албански општини во Македонија, оценувајќи ја како антиевропска и антиамериканска, но и штетна за конечното решение на косовското прашање, сега кога интегративците се во опозиција ретерираат од ваквиот став и најавуваат слично сценарио за излез на општините предводени од градоначалници на ДУИ од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), пишува Нова Македонија во текстот „Дали и федерализацијата е дел од есенското сценарио за дестабилизација на државата?!“ и додава:
„Во едно од таквите сценарија за дестабилизација на државата е и одделувањето на општините предводени од градоначалниците на ДУИ како посебни единици, кои би функционирале надвор од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, со тенденција да формираат некаква своја паралелна заедница. Намерата е кон неа да ги привлечат и другите општини на чие чело се градоначалници Албанци, без оглед на тоа дали се дел од власта, слично како што ДУИ го правеше тоа кога беше владин партнер, употребувајќи ги еднократно албанските опозициски партии за влез во Владата, за потоа целосно да ги разбие и да си обезбеди удобен политички комодитет меѓу албанското гласачко тело во земјава“.
На ова, свој коментар остави професорката по право, Мирјана Најчевска.
„Што би добиле со федерализацијата на Македонија етничките Албанци?
Помалку криминал?
Подобо судство?
Подобро образование?
Подобро здравство?
Почисти улици?
Победа над градежната мафија?
Почесни политичари?
Подобри градоначалници?
Побезбедни улици?
Помалку дрвокрадци?
Повисок стандард?
Поевтина струја?
Поголема грижа за животната средина?
Попрофесионална администрација?
Навистина ме интересира?“, пишува професорката.