Македонија

Немаат поддршка, ќе се соочат со последиците, вели Меџити за најавите на ДУИ за протести

Без конкретен одговор остана прашањето дали ДУИ подготуваат дестабилизација и протести од септември, кое му беше поставено на Изет Меџити. Иако двапати по ред беше прашан дали тој има вакви информации, Меџити повтори: „Што и да е, немаат никаква поддршка кај Албанците. Ќе се соочат со последиците“.

„Уште еднаш ќе ги повикам да се вратат на себеси, да се реформираат. Во спротивно, мислам дека Албанците немаат ниту желба, ниту сакаат да протестираат кога нема политичка кауза. Нивната кауза е да се спаси Соравија и нивните политички зделки“, вели Меџити, претседател на „Демократско движење“ и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“.

За обидите за дестабилизација кои би ги правеле ДУИ, први обзнанија ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток