Коментари

Славески за Евровизија: Ова не е моја Европа, сатанистички пораки и перверзии – било да не се повтори!

Професорот Трајко Славески, кој е и претседател на Советот на Град Скопје, како и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката Македонија да не учествува на Евровизија. Тој напиша: „Ова не е моја Европа!“.

„Беа вистинска сензација и заслужни победници пред точно 50 години. Подоцна, студирајќи економија, разбрав дека нивната екстравагантна облека, со третман на одбитна ставка во даночните закони, била со намена делумно да ги избегнат екстремно високите даночни стапки во родната им Шведска.

Две години подоцна во 1976 г., децата и ние младите тинејџери од моето маало со месеци ги потпевнувавме слатките ноти на победничката “Зачувај ги сите твои бакнежи за мене” во изведба на симпатичните Британци од групата Brotherhood of Men. Како и кај легендарната Аба, повторно два пара млади мажи и жени.

Само погледнете го овогодинешниот победник Немо, претставник на Швајцарија. Утрово читам коментари на Швајцарци кои се згрозени од претставникот на својата земја. Не се горди што се победници и тврдат дека би биле среќни доколку останеа со досега единствената победа на Евровизија, претставувани од прекрасната Cèline Dion.

Што да кажеме за сатанистичките пораки и перверзии кои се чини дека достигнаа кулминација на овогодинешното издание на Евровизија? Било, да не се повтори!“, напиша Славески.

На почеток