Магазин

Цените на нафтата утринава паднаа, доларот зајакна

„Епидемијата на корупција однела 500 милиони долари, зошто никој не е во затвор и каде завршија парите“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

На азиските берзи денеска се тргува внимателно, бидејќи инвеститорите очекуваа нови вести кои би можеле да го насочат пазарот, при што доларот благо порасна во однос на кошничката валути.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше речиси непроменет во 7 часот наутро на највисокото ниво во последните 15 месеци, кое го достигна во петокот по три последователни недели добивки.

Утрово јапонскиот индекс Никеи падна за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,4 отсто. Во Хонг Конг, сепак, тие благо се зголемија. На берзите се тргува тивко додека инвеститорите ги анализираат новите податоци за инфлацијата во Кина.

Потрошувачките цени во април пораснале за 0,3 отсто на годишно ниво, додека производствените цени паднале за 2,5 отсто.

Добрата вест е што инфлацијата, за разлика од западните земји, е ниска, но лошата вест е што падот на цените на производителите укажува на слаба побарувачка.

Внимание на пазарите се очекува и во наредните денови бидејќи во втората половина од неделата ќе бидат објавени извештаи за цените на производителите и потрошувачите во САД, кои ќе покажат како се движи инфлацијата и што би можело значително да влијае на насоката на американскиот, а со тоа и другите пазари во светот.

Инвеститорите се надеваат на знаци за намалување на инфлацијата, што би отворило простор за ФЕД да ги намали каматните стапки. Сепак, претставници на централната банка во последните денови велат дека каматните стапки би можеле да останат покачени подолг период отколку што очекува пазарот.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,33 отсто, на 82,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,28 отсто, на 78,10 долари.

На почеток