Свет

Олена Зеленски и шефот на украинската дипломатија во посета на Белград

Првата дама на Украина пристигна на покана на сопругата на претседателот на Србија, Тамара Вучиќ. Со неа во делегацијата е и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Олена Зеленски, сопругата на претседателот на Украина, викендов пристигна во Белград заедно со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеб, што е прва посета на висок украински функционер на Србија од почетокот на руската инвазија. во февруари 2022 година.

Олена Зеленски дојде на покана на сопругата на српскиот претседател Тамара Вучиќ, со која во неделата го посетија еден од најголемите симболи на главниот град на Србија – Белградската тврдина и градската библиотека.

Посетата е порака и претставува пред се балансирачки чин на претседателот Вучиќ, оценува Бошко Јакшиќ, надворешнополитички коментатор.

На почеток