Македонија

Џафери и се спротистави на Русковска: Вината за Вељаноски е кај вас

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.

-Одговорноста ќе биде кај Судот кој треба да го обезбеди присуството на сите осомничени и обвинети, кажа Џафери.

Обвинителката Вилма Русковска откако пратениците не му го одзедоа мандатот на Вељаноски, кажа дека одговорноста за евентуалното бегство ќе биде кај пратениците.

На почеток