Магазин

(Видео) Камерманот стана апсолутен хит на Евровизија: Цел свет зборува за настапот на Франција

Македонија и годинава без претставник на Евровизија

Овогодинешното издание на Евровизија ќе остане запаметено по бројните скандали и шокантните изданија на музичарите, но еден од многуте натпреварувачи ги воодушеви сите со својот глас и музичка изведба.

Францускиот претставник Слиман со својот музички број „Mon amour“ го воодушеви целиот свет и според многумина го заслужи најдобриот пласман. Во еден момент од гласањето, фановите мислеа дека Слиман може дури и да победи, а сега неговата музичка песна е во центарот на вниманието од друга причина.

Имено, настапот на Французите го одбележа ни повеќе ни помалку, туку снимател, кој го следеше секое движење на францускиот претставник, држејќи ја камерата и придвижувајќи ја на секој чекор на Слиман.

Фановите на социјалните мрежи со ентузијазам го коментираа овој настап на Слиман, но и самиот снимател поради неговата професионалност и умешност.

На почеток