(Видео) Победникот на Евровизија во костум и здолниште со оркестар ја претвори победничката песна во оперска култна класика
Од
Објавено на
Победник на Евровизија која годинава се одржа во Малме е претставникот на Швајцарија. Немо со песната „The Code“ триумфираше во тензичното финале и ја престигна Бејби Лазања која секогаш беше прва во обложувалниците.
Сега, заедно со швајцарскиот оркестар – Sinfonie Orchester Biel Solothurn – сними оперска верзија на неговиот победнички број и ја претвори во култна класика која мора да се слушне.
Немо е во поинакво издание отколку на големата евровизиска сцена, носи костум и здолниште, нашминкан е, но ни покажува и сосема нов дел од себе и неговите неверојатни вокални способности.