Медиасет

(Видео) Јокиќ не знае дали ќе игра за Србија: Морам да размислам

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс изјави дека не знае дали ќе игра на Олимписките игри во Париз.

Денвер Нагетс беа елиминирани од Минесота во полуфиналето на Западната конференција, откако паднаа на предност од +20 во мечот 7 од серијата.

Јокиќ имаше учинок од 34 поени, 19 скока и седум асистенции, а по мечот беше запрашан дали ќе игра за репрезентацијата на Олимписките игри.

Не знам, ќе видиме, треба да размислам“, изјави Јокиќ.

Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри е закажан од 27 јули до 10 август.

Србија во групната фаза ќе игра против САД, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико (Италија, Литванија…).

https://x.com/b92sport/status/1792410546391691653

На почеток