Инфлацијата во Германија 2,2 отсто
Годишната стапка на инфлација во Германија во април изнесува 2,2 отсто.
Ова е исто како и во март и во согласност со претходните прелиминарни проценки, објави денеска германската Федерална статистичка служба (Дестатис).
Инфлацијата во Германија сè уште е најниска од мај 2021 година. Цените на енергијата во Германија во април биле за 1,2 отсто пониски во однос на истиот месец минатата година, додека цените на храната пораснале за 0,5 отсто.
Спротивно на тоа, инфлацијата во германскиот услужен сектор падна од 3,7 отсто во март на 3,4 отсто на годишно ниво, според веб-страницата Дестатис.
Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна во април од 3,3 отсто во март на 3 отсто и сега е најниска од март 2022 година.
На месечна основа, цените во Германија во март пораснале за 0,5 отсто. Германската инфлација мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) што го користи Еуростат се зголеми во април од 2,3 во март на 2,4 отсто.