Свет

Украина: Русите заробуваат цивили на север и ги егзекутираат

Руски сили заробуваат украински цивили и ја спречуваат нивната евакуација во северниот дел на градот Вовчанск во областа Харков погоден од конфликтот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Игор Клименко.

Знаеме за првите случаи на егзекуција на цивили, егзекутирани од руски војници“, објави Клименко на својот канал Телеграм.

Украинското Министерство за одбрана вчера потврди дека помали руски единици влегле во северните делови на градот, но украинската војска наводно ги спречила да воспостават упориште. Вовчанск е стратешки важен затоа што неговиот пад би го отворил патот за Русите кон Харков, вториот по големина град во Украина, со население од еден милион.

На почеток