Македонија

Нов таргетиран phishing напад

Нов линк се шири по социјални медиуми кон сајтот vlada-mk . com преку кој креаторите се обидуваат да дојдат до податоците за вашата платежна картичка. Приказната е дека Владата давала 100 евра по жител за да се „растерети“ инфлацијата.

Сајтот е доста убаво направен, а доменот доволно сличен кон оригиналниот за да збуни некој што не се разбира во истото.

На почеток