Свет

Украина контролира околу 60 отсто од територијата на градот Вовчанск

Украинските власти денеска објавија дека сè уште контролираат околу 60 отсто од пограничниот град Вовчанск во североисточниот регион Харков, кој во последните недели беше под силна руска офанзива.

„Непријателот сè уште се обидува, особено внатре во Вовчанск, да ги истисне украинските вооружени сили надвор од градот. Украинските сили контролираат околу 60 отсто од територијата на градот, но тоа не значи дека нападите престанале“, изјави гувернерот на Харковската област Роман Семенука.

На 10 мај Русија започна офанзива во областа Харков, а руското Министерство за одбрана објави дека руската армија зазела неколку населени места во областа, наведува Ројтерс.

Украинската армија се обиде да префрли војници од другите делови на фронтот во насока Харков наместо да распореди резервни сили бидејќи има премалку резервни единици за распоредување, што сега создава критична ситуација за властите во Киев.

Се проценува дека најголемиот проблем на Украина по повеќе од две години конфликт е недостатокот на работна сила и исцрпеност.

На почеток