Македонија

Како врховниот судија се заплетка со 10.000 евра: пријавата е од роднина на ексградоначалник

Близок рoдонина на ексградоначалник кој одлежува затворска казна е лицето кое го пријавило врховниот судија, Наке Георгиев за примање награда за противзакотино влијание, дознава „Скопје1“. Според информациите на нашата редакција, биле побарани 10.000 евра за да се влијае врз судска постапка однсоно за нејзино олесување во полза на ексградоначалникот.

Пријавата за парите кои биле побарани стигнала полицијата, по што, во точно утврдено време и место, кога се случувало примо-предавањето, судијата бил затекнат. Во тој момент, по насоки од јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, била дадена насока на полицајците судијата да биде однесен во станица, а банкнотите да бидат одземени. Тие ќе бидат дадени на вештачење.

Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан. Тој ужива судиски имунитет, на кој може да се повика, а да му биде симнат само доколку така одлучи Судскиот совет. Засега во највисокото судско тело, нема закажано итна седница од страна на претседателката Весна Дамова.

Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат кратко од МВР.

Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека акцијата е со нивна координација.

„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.

Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.

Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

На почеток