Македонија

Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер

Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија Атмосферата значително ќе се дестабилизира, што значи ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Атмосферата поради високите температури, спарното време и топлиот бран од југ е многу загреана и исполнета со многу енергија, па така локално, особено во западната половина од државава, Пелагониско, како и во делови од северните предели, но и во Скопскиот регион ќе се создрадат услови за по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да предизвика локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на граад кој би можел да биде по крупен.

Во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и по крупен град, автомобилите да се заштитат.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.

На почеток