Свет

Кина целосно го опколи Тајван: Почнаа „воените вежби за казнување“, учествуваат војници, морнарица и воздухопловни сили

Источната команда на Кинеската Народноослободителна армија денеска почна воени вежби во околината на Тајван за „казнување на сепаратистичките акции“.

Вежбите ќе се изведуваат во Тајванскиот теснец, потоа на север, исток и јужно од островот Тајван, како и во областите во близина на островите Кинмен, Мацу, Вуцу и Донџин, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Воениот портпарол Ли Си изјави дека во вежбите учествуваат војниците, морнарицата и воздухопловните сили, а вежбите се наречени „Заеднички меч – 2024А“ и ќе траат два дена.

Ли додаде дека вежбите служат како „силна казна за сепаратистичките акции на Тајван“, но и како „цврсто предупредување против мешање и провокации од надворешни сили“.

Американскиот генерал-полковник Сивен Скленка оцени дека кинеската армија „продолжува да вежба клучни елементи за потенцијална воена инвазија на Тајван“, пренесува Ројтерс.

https://x.com/nexta_tv/status/1793529155306258907

На почеток