Деспотовски: Оставката на Ковачевски е задоцнет чекор
Директорот на ТИРЗ и поранешен кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски смета дека вчерашната оставка на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски е задоцнет чекор, но сепак чекор во вистинска насока.
,,Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано. Очеквам овој чекор да го следат и сите останати членови на партијата за да можеме веднаш да примене во делот на отворена дискусија кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму.”, вели Деспотовски.
По вчерашната оставка на Ковачевски можно е повторно да влезе во трката за претседател на оваа партија.