Македонија

Радев: Желбата на Македонија за дијалог е позитивен знак

,,Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа со тоа што ќе ги исполни сите барања што ѝ ги поставува ЕУ како што беше со случајот с секоја земја-членка“, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарите во Рим.

Бугарскиот претседател објаснил дека поради набиената програма бугарската делегација денес не била во можност да се сретне со македонската делегација.

,,Очекувам дека таква средба ќе има наскоро, рекол тој, додавајќи дека ја кани Сиљановска Давкова на официјална средба во Софија. Сметам дека желбата на PCM за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателката на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија.”, вели Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

На почеток