(Видео) Грчките плажи мета на Македонците: гужви на границата „Богородица“ со часови
Од
Објавено на
Грчките плажи и овој продолжен викенд ќе бидат полни со македонски туристи. Празнично, најмногу гужва има на граничниот премин „Богородица“.
Се чека и по повеќе од час, а колоните се километарски. Најбројни се возилата со македонски регистарски ознаки, како и српски возила.
Истата слика ќе биде во текот на целиот летен период. Секоја година, граѓаните се жалат бидејќи граничните контроли течат споро, граѓаните и со часови седат во возилата, дури и кога температурите се надпросечно високи.
Гужви се очекуваат и во недела, кога граѓаните ќе се враќаат назад.