Хорор во Кина: Маж избодел до смрт 8 лица, полицијата веднаш го уапсила

Од
Објавено на

Осум лица загинаа, а едно лице е рането во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија денеска властите.
Напаѓачот, 53-годишен маж за кој се вели дека боледува од ментална болест, смртно избодел осум лица и ранил уште едно лице во четвртокот наутро во градот Ксијаоган, јави новинската агенција Ксинхуа.
Жртвата нема повреди опасни по живот.
Полицијата го приведе осомничениот, а истрагата е во тек, наведува кинеската агенција.
