Скопје

Возење без возачка и појас, до мобилен, 106 санкционирани возачи во Скопје

78 санкции за сообраќајни прекршоци на територијата на Битола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 106 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток