Скопје

Девет лица уапсени во Скопје, на повеќе локации: најмладите имаат по 22 години

Денеска (24.05.2024) во 00.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 02.50 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Л.(31) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 00.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.З.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 23.50 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Х.Ф.(29) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (24.05.2024) во 04.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 23.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, во близина на угостителски објект полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.05.2024 во 20.15 часот во Парк шума Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ж.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток