Македонија

Мециновиќ: Северна Македонија е национален срам за Македонците

(Видео) Мециновиќ: Левица ќе ја турне диктатурата, решетки за сите ѕверови кои ја пијат крвта на обичните луѓе

Дека потписот на претседателот на државата беше повеќе од битен кога СДС и ДУИ го објавија Преспанскиот договор во ,,Службен весник” – уште еднаш потврди пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во ,,КЛАН дебата”.

– Ова е национален срам. Национален срам за Македонците е Северна Македонија. Апсолутно, го чувствуваат како национален срам. Тоа е капитулација и не вадам нова теза. Ова е општо познато – истакна Мециновиќ.

– Дали има друг пример во историјата на светот каде што држава променила име поради друга држава? Дали има друг пример – една држава име да смени заради волјата на друга држава? Е, па, нема! Тоа е национален срам! И тој национален срам ќе тргне од некаде да се митигира. Тоа што претседателката го направи е коректно – додаде Мециновиќ.

На почеток