Македонија

Амди се повлече, Стево ќе се трка со Гордана и Блерим

По завршување на вечерашната средба на СДСМ со коалиционионите партнери, Амди Бајрам изјави дека се повлекува од претседателската трка и ќе го поддржи заедничкиот кандидат Стево Пендаровски.

-Од вечерва се откажувам од претседателската трка и се придружувам кон заедничката кандидатура. Успеав да соберам преку 10.000 потписи, туку денеска седнавме со премиерот, ради кандидатот се придружувам да не бидам посебен, туку сите заеднички и да биде претседател на сите граѓани, изјави Бајрам.

Претходно професорот Блерим Река објави дека ќе учествува на претседателските избор, а веднаш потоа опозициските албански партии Алијанса на Албанците и Беса објавија дека застануваат зад него.

Многу порано, ВМРО-ДПМНЕ со гласање на партиската конвенција на почетокот на месецов ја одбра професорката Гордана Силјановска Давкова како конкурент на кој ќе му се даде поддршка.

 

На почеток