Во напредна фаза преговорите за новата Влада: нема конечен договор, се разговара за ресори
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/03/gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024.jpg)
„Она што можам засега да го кажам е дека преговарачкиот процес се базира на принципи, пред се нели на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој“, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на поставеното прашање од медиуми за тоа до каде се преговорите со коалиционите партнери.
Стоилковски додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори. При што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.
„Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.
„Преговорите можам да кажам дека ќе продожат и во следните денови“, заклучи Стоилковски.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)