„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Русија нападната: Украинската воена разузнавачка служба извршила напа врз воен радар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Беспилотно летало со долг дострел управувано од украинската воена разузнавачка служба (ХУР) изврши напад врз воениот радар за рано предупредување на балистичката ракета Воронеж М лоциран во градот Орск во руската област Оренбург.

— реклама —

Ова утрово за Киев Индипендент го потврдил извор од ХУР, а нападот бил извршен вчера.

Се наведува дека ова е првпат од почетокот на целосната руска инвазија на соседната земја Украина да нападне објекти во Орск.

— реклама —

Изворот на Киев Индипендент изјави дека градот се наоѓа на 1.800 километри од местото каде што беше лансиран дронот.

Се наведува дека со ова е срушен рекордот во опсегот на напади од украински беспилотни летала на територијата на Русија.

Руските медиуми вчера објавија дека дронот паднал во Новоорск, предградие на Орск, а целта му бил воен објект.

Се наведува дека нема извештаи за штети или жртви во нападот.

Извор од воената разузнавачка служба на Украина изјави за Киев Индипендент дека се уште се работи на разјаснување на последиците од нападот.

На 23 мај, оперативците на ХУР, наводно, погодиле друг руски радар во Воронеж лоциран во селото Глубокии во Краснодарската територија.

Според извор на киевските медиуми, нападот предизвикал пожар на радарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

putin

Руската економија под притисок, но не и доволен за Путин да преговара за крај на војната

Свет | пред 2 часа

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Рубио: САД ништо не наметнуваат, не можеме да ги присилиме ниту Киев ниту Москва на договор

Свет | пред 14 часа

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: ЕУ „пљачка сред бел ден“

Свет | пред 18 часа

putin-vojna

Русија формира нова воена гранка, Путин зборува за масовни пријави

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања