Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Руската економија под притисок, но не и доволен за Путин да преговара за крај на војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
putin

Руската економија годинава се соочува со сè поголеми предизвици – од висока инфлација и растечки буџетски дефицит, поттикнат од огромните воени трошоци, до намалени приходи од нафта и гас. Сепак, аналитичарите оценуваат дека економските проблеми засега не се доволни за да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да влезе во сериозни преговори за завршување на војната во Украина, анализира Си-Ен-Ен (CNN).

Според експертите, Кремљ и понатаму е способен да се справува со западните санкции и да ја продолжи војната со сегашното темпо уште неколку години.

— реклама —

„Ако ја гледаме само економијата, тоа нема да биде последната капка што ќе ја прелее чашата. Ситуацијата не е катастрофална – со неа може да се управува“, вели Марија Снеговскаја, виша аналитичарка за Русија и Евроазија во Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS).

Според нејзините проценки, Русија би можела да продолжи со војната уште три до пет години, додека подолгорочните ефекти остануваат неизвесни.

Сличен став имаат и групи руски економисти во егзил, кои сметаат дека способноста на Кремљ да води војна засега не е сериозно ограничена од економските санкции. Аналитичарот Ричард Коноли од Кралскиот институт за обединети служби (RUSI) оценува дека санкциите не нанеле доволно штета на енергетски ориентираната руска економија за да ги сменат воените калкулации на Москва.

— реклама —

„Додека Русија произведува и продава нафта по разумна цена, ќе има доволно средства за да опстане. Тоа не е идеална ситуација, но економијата не е пресуден фактор во одлуките на Путин за војната“, вели Коноли.

Првичниот економски поттик од наглото зголемување на воените трошоци, според аналитичарите, веќе е исцрпен. Кремљ сè повеќе го префрла товарот на војната врз граѓаните, преку зголемување на даноците на добивка, личните приходи и ДДВ, со цел финансирање на рекордниот воен буџет.

— реклама —

Во исто време, руските потрошувачи се соочуваат со значителен раст на цените, особено кај увезените производи. Сепак, експертите укажуваат дека високата инфлација не предизвикува масовно незадоволство, делумно поради државната пропаганда и репресијата, но и поради фактот што руското општество со децении живее со инфлација.

Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека просечната годишна инфлација во Русија оваа година ќе изнесува 7,6 отсто, што е намалување во однос на 9,5 отсто во 2024 година.

Русија денес троши речиси 40 проценти од државниот буџет за воени цели, изјави неодамна генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Огромните воени инвестиции создадоа нова класа „победници“ – производители на оружје и работници во одбранбената индустрија, што, парадоксално, доведе до намалување на економската нееднаквост.

Некои сиромашни и рурални региони доживеале економски раст, главно поради високите плати што ги добиваат војниците и нивните семејства. Ова е дел од стратегијата на Кремљ да регрутира доброволци и да избегне општа мобилизација.

— реклама —

„Денешните руски војници се најплатените во историјата на Русија. Многумина заработуваат повеќе отколку што некогаш би можеле во цивилниот сектор“, вели Коноли.

И покрај огромните човечки загуби – кои според проценките се приближуваат до еден милион жртви, од кои околу 250.000 загинати – Кремљ досега успеа да избегне масовни протести, за разлика од војните во Чеченија и Авганистан. Сепак, аналитичарите предупредуваат на потенцијален иден проблем: враќањето на голем број ветерани со здравствени проблеми и без работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysvs1b5dv6vl6fjKgeGw

Русија изврши ракетен напад врз Киев, повредени најмалку 10 лица, меѓу нив и дете

Свет | пред 1 час

media-librarysqgc66s688k94sDFrCN

(Видео) Украина повторно погоди голема руска рафинерија

Свет | пред 17 часа

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Русија се соочува со сè поголем недостиг на гориво, а граѓаните се повикуваат да работат од дома

Свет | пред 19 часа

media-libraryu8ohu69mrqtn26Qepq7

(Видео) Недостиг на гориво во Русија: Возачи кампуваат пред бензински пумпи чекајќи ред

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања