Скопје

Опериран и стабилен е вториот пукан на „Пластичарска“, на местото траги од крв и демолирано возило

Второто лице повредено на „Пластичарска“ со иницијали Т.А. кој има 24 години, е оперирано. Тој е во стабилна состојба по извршената интервенција. Неговото закрепнување ќе продолжи во болница, пред да биде пуштено на домашно лекување.

Засега нема информации за состојбата на третото повредено лице, а станува збор за 19-годишниот О.Б. Тој беше пренесен во Ургентниот центар на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, заедно со пејачот Амар Исмани кој не го преживеа пукањето.

Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје.

На местото каде се случило пукањето, има траги од крв, искршено возило марка „алфа“, како и лични работи на сега повредените и починатиот.

Обвинителството соопшти дека се издадени наредби за собирање на докази.

На почеток